Радио Милева
„Дај да го видиме бебето“

„Многу ти личи“: Слаткар во прошетка со синот Моша (фото)

„Многу ти личи“: Слаткар во прошетка со синот Моша (фото)
фото:слаткаристика/инстаграм/принтскрин

Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ кон средината на април, се реализираа во улогата на родители – добија син.

Познатата брачна двојка за својот наследник избра оригинално име – Моша.

Мама Сања сега има огромна мајчинска одговорност, но според објавите на Инстаграм, тука е Марко кој и помага во се’.

Сања отсекогаш била резервирана за приватноста, па така и сега не е од оние мајки кои објавуваат фотографии од бебето, но затоа е тука тато Марко кој понекогаш знае да изненади со некоја објава каде е заедно со синот.

Овој пат, ја остави мама Сања малку да се одмори, па тато и Моша излегоа на есенска прошетка.

„Многу ти личи“, „Дојдоа и ти денови“, „Дај да го видиме бебето, немој и ти како другите да го криеш“, беа само мал дел од коментарите кои осамнаа за фотографијата.

Дали ќе го прекршат ова свое родителско правило да го покажат синот или сепак ќе им треба време за таква одлука, останува да видиме…

Останати вести од Радио Милева