Радио Милева

„Многу пати не носев долна облека“: Гоца Тржан проговори за ситуациите кога не носела гаќички

„Многу пати не носев долна облека“: Гоца Тржан проговори за ситуациите кога не носела гаќички
фото: а.налбајнтн

Пејачката Гоца Тржан неодамна ја издаде својата песна „Жена за една ноќ (Жену за једну ноч)“, а сега во интервју за „Телеграф.рс“ откри дека не се чувствувала убаво кога била жена на една ноќ.

„Јас мислам дека жената за една ноќ треба да изгледа….дека е несреќна. Не се чувствував убаво кога бев жена на една ноќ. Не бев задоволна со себе бидејќи жените кои прават нешто што не им се допаѓа  и одвнатре не се среќни, не се убави жени“ вели Гоца.

Пејачката вели дека нејзиниот сопруг сака секси долна облека, но дека многу добро реагира и кога е облечена во пижами.

фото: принтскрин/јутуб

„Мојот сопруг сака секси долна облека: „Леле, ама си добра…ајде чао“. Мислам дека мажите најмногу сакаат природен изглед, не сакаат да сме премногу нашминкани. Мојот маж никогаш не ме бакнува кога имам сјај на усните“ вели пејачката.

фото: принтскрин/јутуб

Гоца вели дека често не носи долна облека, а токму поради тоа имала и непријатна ситуација.

„Многу пати не носев долна облека. Ми се случи непријатност кога на еден телевизиски настап носев многу краток фустан под кои можеше да се видат гаќите, а јас не сакав да се познаваат. Јас се појавив без гаќички, имаше фоторепортери кои ме фотографираа. Се случи тоа што се случи, ми ја фотографираа интимата. Но, Господе мој, често не носам долна облека“  вели Тржан.

 

Останати вести од Радио Милева