Радио Милева
Само желба или сигнал за следна „борба“?

„Многу ми е криво, му кажав и на Саша Поповиќ“: На Огнен Здравковски не му е сеедно кога гледа „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

„Многу ми е криво, му кажав и на Саша Поповиќ“: На Огнен Здравковски не му е сеедно кога гледа „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
фото:огнен здравковски/фејсбук

Огнен Здравковски беше еден од македонските учесници кои ја обележаа минатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Град“. Тој започна соло кариера, а пред неколку дена ја издаде песната насловена „Извини“.

Оваа песна за Огнен ја направија Лазар и Магдалена Цветковски кои се едни од најплодните млади македонски автори на музика и текст.

-Јас сум презадоволен и гледам дека луѓето добро ја прифаќаат, вели Огнен кој е при крај со стидиите на Музичка академија, а работи и во Македонската опера. Со оглед на тоа дека неговата мајка се натпреварува во „Никогаш не е доцна“ и дека ги собра симпатиите на публикта, во врска со неговата и нејзината популарност, тој вели:

-Јас ја натерав да дојде, а таа вели дека тоа го направила поради мене и не сака да биде популарна, туку да бидам јас, довава младиот пејач.

фото:огнен здравковски/фејсбук

Здравковски признава дека му недостига натпреварувањето и шоуто и тоа чувство го има секоја сабота кога ја гледа новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

-Многу ми е криво што не сум повторно во „Гранд“, баш тоа му го кажав и на Саша Поповиќ, и додава дека има фаворит во оваа сезона, но нема да открива за кого станува збор. Во интервјуто за „Гранд“, тој одговара и на тоа дали е важно да бидеш победник, за да станеш и ѕвезда.

фото:огнен здравковски/фејсбук

-Мене не ми е важно тоа. Има неколкумина од минатата сезона кои не влегоа во финале, па имаат хит и работат со полна пареа, како на пример Александра Ципка, завршува Огнен.

Целото интервју погледнете го од видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева