Радио Милева
Шеги на своја сметка

„Многу лошо ми оди“: Наташа Беквалац ја отвори душата за животот без партнер и за неверство во брак

„Многу лошо ми оди“: Наташа Беквалац ја отвори душата за животот без партнер и за неверство во брак
фото:наташа беквалац/инстаграм принтскрин

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, и со еден љубовен совет ги насмеа многумина до солзи.

– Ме „брка“ човек што има жена и дете. Што да правам? – ја праша некој пејачката, а таа даде јасен, но и смешен одговор и го покажа својот став за изневерување во брак.

– Прашај жена – рече Наташа и додаде неколку емотикони кои плачат од смеа, а нејзините следбеници беа особено забавувани од љубовните совети на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Како е без маж – ја праша друг Наташа, алудирајќи на тоа дека нема партнер повеќе од две години или барем јавноста не е запознаена со потенцијален маж во нејзиниот живот.
„Цветам“, кратко, но јасно рече русокосата пејачка.

– Што сакаше да направиш, а никогаш не стори? – ја праша некој Наташа.

– Да останам во брак- одговори таа во свој стил и ги насмеа сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Дали верувате дека жената навистина може да се за заљуби и по четириесет години? – беше друго прашање на нејзините следбеници.

„Ќе ве известам ако се за заљубам, засега навистина лошо стојам“, напиша Ната во свој стил.

Останати вести од Радио Милева