Радио Милева

Млада убавица: Ќерката на Харис Џиновиќ е нова ѕвезда на социјалните мрежи (фото)

Млада убавица: Ќерката на Харис Џиновиќ е нова ѕвезда на социјалните мрежи (фото)
фото: Mирко Табашевиќ

Харис и Мелина Џиновиќ имаат две деца, ќерката Џина и синот Кан.

Иако во своите интервјуа со гордост зборуваат за наследниците, досега се немаат фотографирано семејно за некој магазин.

За разлика од шеснаесетгодишниот Кан кој не сака да се експонира јавно, неговата постара сестра последните неколку месеци ги освојува Инстаграм и Тик ток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

Во интервју за „Red“, Џина откри како се заинтеренсирала за социјалните мрежи, но откри  што велат нејзините родители за тоа.

„Како се однесувам на „Тик ток“, така се однесувам и во живо. Тоа сум јас“, вели младата инфлуенсерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

Во постовите ги нема нејзините родители, Мелина и Харис.

фото: Mирко Табашевиќ

„Горда сум што никогаш не побарав од нив да се снимаме заедно за да имам поголема популарност. Сакав сама да пробам, па ако оди оди. На почетокот не ме подржуваа бидејќи во тој период започна онлајн наставата. Мајка ми беше против, не сакаше да се експонирам, а татко ми ми кажа: „Удри сине“.

Ќерката на модната креаторка и музичката ѕвезда вели дека не сака да тргне по нивните стапки и дека размислува за адвокат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

„Имам талент за пеење, но премногу се срамам за да настапувам. Тато никогаш ме нема слушнато. Сепак, тој е Харис Џиновиќ, голема ѕвезда, а јас ќе треба на него да му пејам. Ако би се одлучила за тој пат, сигурно ќе ми биде поддршка“, вели Џина.

Останати вести од Радио Милева