Радио Милева

„Мите, ние те сакаме“: Македонецот ги доби сите гласови во „Ѕвездите на Гранд“, а еве што му порача Шерифовиќ

„Мите, ние те сакаме“: Македонецот ги доби сите гласови во „Ѕвездите на Гранд“, а еве што му порача Шерифовиќ
фото: З.К.Муња/Д.Милошевиќ

Во саботното издание на „Ѕведите на Гранд“, настапуваше и Мите Стоилков од Скопје кој беше под менторство на Вики Миљковиќ.

Мите во вториот круг се претстави со песните „Мајко“ од Гуру Харе и Аки Рахимовски и песната „По тебе“ од Тоше Проески.

Снежана Ѓуришиќ која е дел од продуцентското жири прокоментира дека Мите одбрал тешка песна, а Вики истакна дека се наежила од изведбата.

Мите ги доби сите гласови од жирито и директно помина во следниот круг на музичкото шоу.

фото: принтскрин/јутуб

По завршувањето на неговите интерпретации, Јелена Карлеуша довикуваше:

„Мите, ние те сакаме, Мите ние те сакаме“.

фото: принтскрин/јутуб

И Снежана имаше пофални зборови за Македонецот:

„Дојде подготвен, браво“.

Позитивни коментари за Мите имаше и Драган Стојковиќ Босанац кој истакна дека македонскиот кандидат добро се претставил и пеел многу убаво.

фото: принтскрин/јутуб

Марија Шерифовиќ не го штедеше Македонецот и позитивно го прокоментира неговото пеење,  но му даде и еден совет.

„Добро пееш, сигурен си, знаеш да се однесуваш на сцена. Убаво бирај ја програмата, што ќе пееш, биди мудар, овде не е лесно да се победи“ изјави пејачката.

Настапот на Мите може да го погледнете во видеото подолу на 24:26.

За потсетување, Стоилков победи во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“.