Радио Милева

Мишел Обама никогаш посекси во светкави чизми до колкови и висок шлиц (фото)

Мишел Обама никогаш посекси во светкави чизми до колкови и висок шлиц (фото)
poto: David Slijper

Сопругата на поранешниот американски претседател, Барак Обама, Мишел Обама, гостуваше во центарот Беркли во Бруклин каде разговараше со актерката, Сара Џесика Паркер како би им дала можност на некои нови млади дизајнери кои немаат прилика да привлечат внимание кон себе и својата работа.

Таа за настанот избрала фустан од брендот  „Баленсиага“ и светкави високи чизми кои го привлекоа вниманието на светската јавност.

“Мојата облека носи порака. Одлучив да го искористам ова гостување и да им дадам прилика на некои млади и нови дизајнери кои инаку немаат шанса да добијат толку големо внимание. Поради тоа го избрав Џејсон Ву за мојот фустан за инаугурација”, вели Мишел.

Таа неодамна ја објави книгата под името “Becoming” во која открива досега непознати детали од нејзиниот приватен живот.

“Оваа книга ми значи многу. Ја отворив душата. Се надевам дека луѓето ќе можат да се поистоветат со неа и да пронајдат сила за понатамошна борба во животот. Сечија приказна е посебна на некој начин и мислам дека може да им помогне на сите”, кажа Мишел.

Целта која сакаше да ја постигне е остварена, а за нејзиниот изглед пишуваат сите медиуми низ светот.