Радио Милева
прво па...

Мирко Шијан и Бојана Родиќ го дознаа полот на бебето, а среќниот татко сподели објава (ФОТО)

Мирко Шијан и Бојана Родиќ го дознаа полот на бебето, а среќниот татко сподели објава (ФОТО)

На почетокот на оваа година, Мирко Шијан и Бојана Родиќ дознаа дека ќе станат  за прв пат родители, а сега го дознаа и полот на детето.

Имено, Мирко се пофали со убавата вест на  Инстаграм и откри дека ќе стане татко на мало момче.

„Машко е“ – напиша Мирко во своите Инстаграм приказни, а истата  ја сподели Бојана, па додаде и слика на бебе кое спие.

Инаку мајката на Мирко, пејачката Гоца Божиновска неодамна откри дека повеќе сака внука. Да потсетиме, Шијан и Бојана веќе започнаа со реновирање на својата куќа во Сурчин, каде што живеат со неговата мајка.

„Мислеа да започнат со реновирање напролет, но тие веќе презедоа некои чекори. Го обновуваат мебелот, ја средуваат собата на бебето… Сакаат да прилагодат сè на себе и нека, не се мешам, бидејќи вкусовите се различни. Сепак тие ќе живеат таму и нека си уредат како што сакаат“ – рече Гоца Божиновска.

Фото: Курир.рс/Инстаграм принтскрин/bojana__rodic

Останати вести од Радио Милева