Радио Милева
трудна местенка

Мина Врбашки е трудна од Владимир: Старлетата го намамила Томовиќ в кревет, па ги дупнала кондомите (ВИДЕО)

Мина Врбашки е трудна од Владимир: Старлетата го намамила Томовиќ в кревет, па ги дупнала кондомите (ВИДЕО)

Мина Врбашки не може да прифати дека Владимир Томовиќ не сака сериозна врска откако имаа секс, па затоа смисли план како да го натера да биде со неа.

Врбашки, наводно, го дупнала кондомот пред сексот со Владимир за да остане бремена, а доколку тоа не се случело веднаш, таа повторно ќе се обиде да го намами во кревет.

“Мина е мачкана со сите бои што би реклол нашиот народ. Таа е подготвена на се’ само за да ги постигне своите цели. Започнала со проституција затоа што мислела дека ќе најде богат шеик и ќе се ослободи од сиромаштијата и мизерниот живот засекогаш. Сепак, реалноста е нешто друго од она што го замислувала. Откако призна дека спиела со мажи за пари, ниту една здрава личност не сака да слушне за неа. Мина затоа планира да и направат бебе во реалното и на тој начин да ги реши нејзините проблеми.

Идеален материјал за татко на детето, според нејзиното мислење е Владимир Томовиќ, на кого Мина се пали со години “ – изјавил извор близок до Врбашки, потврдувајќи ги сознанијата дека Мина има намера да забремени со Владимир по секоја цена. Според изворот близок на продукцијата, Мина решила да го насамари Владимир и го дупнала кондомите пред секс партијата со него.

Останати вести од Радио Милева