Радио Милева
секс на екс

Мина Врбашки е „ријалити секс шампионка“: Старлетата јавно беше интимна со најмногу мажи во „Задруга“ за три сезони на шоуто (ФОТО)

Мина Врбашки е „ријалити секс шампионка“: Старлетата јавно беше интимна со најмногу мажи во „Задруга“ за три сезони на шоуто (ФОТО)

Старлетата Мина Врбашки стана позната во јавноста откако во 2017 година го обвини фолк-пејачкот Шако Полумента дека и испраќал на, тогаш малолетна девојка, снимки во кои и се додворувал.
По овој скандал, таа доби покана да и се придружи на учесниците во реалното шоу на „Задруга 1“, која веднаш ја прифати, а во реалноста и понатаму продолжи да ниже скандали.


Многу брзо, таа влезе во емотивна врска со раперот Немања Ѓериќ – Ѓексон, со кого неколку пати имаа интимни односи пред камерите. Нивната врска беше бурна и полна со кавги, а кога раскинаа, таа се впушти во врска со манекенот Тома Паниќ.


Мина исто така беше слободна во врската со Паниќ, така што имаше интимни односи со него секогаш кога ќе  им се пружеше можност.
Оваа скандалозна девојка влезе и во „Задруга 2“, па и таму продолжи со жешки акции со мажите. Прв на списокот беше Јовица Путниковиќ. Нивната врска не траеше долго, но тие не се двоумеа да бидат интимни пред камерата.

Во декември 2018 година, манекенот Марко Марковиќ стана учесник во реалното шоу „Задруга 2“, а тој исто така не остана имун на провокациите на Мина Врбашки, која јавно призна дека во еден период од нејзиниот живот се занимавала и со проституција. Мина и Марко имаа жешки акции и во кревет и под тушот.

Како да не била доволно интимна со мажите пред камерата, Мина почна порочна врска со пејачот Сава Перовиќ, кој бил нејзин пријател до тој момент. Сè се тресеше од нивната жешка акција во просторијата за рехабилитација.

Мина Врбашки, исто така влезе и во „Задруга 3“, во која беше во љубовна врска со Црногорецот Менсур Ајдарпашиќ. Двајцата постојано се расправаа, за што бруеше цела Србија, а нивните интимни односи исто така привлекуваа големо внимание кај публиката. Врската на Мина и Менасур се распадна, па Врбашки се расплака и на нејзините „приказни“ на Инстаграм,  таа јавно му се извинуваше, велејќи дека е свесна за тоа што изгубила.

Мина за време на нејзиното учество во трите сезони на „Задруга“  разменуваше нежности и ја делеше интимата уште со неколку други мажи како што се: Владимир Томовиќ, Ервин Мујаковиќ, Адам Ѓогани, а споменатите шест мажи имаа можност жестоко да  водат љубов со неа. Поради оваа бројка, Мина ја понесе титулата девојка со најголем број интимни партнери во трите сезони на „Задруга“… Или поинаку кажано, „ријалити секс шампионка“!

Останати вести од Радио Милева