Радио Милева

„Мина е херојот на мојот живот“: Весна Бејби со емотивна порака го честиташе роденденот на ќерката

„Мина е херојот на мојот живот“: Весна Бејби со емотивна порака го честиташе роденденот на ќерката

Денот на раѓањето е еден од најважните денови, посебно на нашите драги и блиски личности кои сакаме да ги израдуваме на тој ден.

Родендените може да ги прославиме со најмилите, со пријатели, роднини…со оние кои на тој ден ќе не насмеат, кои ќе ни го разубават денот.

Ќерката на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска наполни 14 години, а актерката преку својот „Фејсбук“ профил со емотивна порака и го честиташе роденденот на Мина.

„Мина наполни 14 години.Како вчера да беше кога тоа мало муце со две долни запчиња и со едно опавче на сред глава плачеше наоколу при нашата прва средба.Малечка, кревка, дури 4 килограми на 9 месеци.Мина одамна е херојот на мојот живот, таа нејзина отвореност, искреност и чесност ме зграпчува.Мина се радува на најмали нешта, на пладневно гушкање, на нагалено Минувче, на луѓето се радува.Во ниту еден момент не ја напушта нејзината верба кон луѓето.Мина има срце како планина и душа како памук.Затоа е Мина Нагазна,од убавини да не куртулиш ќерка! Гази си милно и достоинствено“, напиша Весна на социјлните мрежи.

Актерката на социјалните мрежи сподели фотографии од прославата и покажа како го прославила роденденот на Мина.

Веруваме дека славеничката си поминала преубаво, а си и замислила роденденска желба која ќе и се исполни.