Радио Милева
пет гласа не беа доволни

Мими Јовановска и покрај сите пофалби од жирито, испадна од „Ѕвездите на Гранд“: „Ти изгледаш како холивудска ѕвезда“

Мими Јовановска и покрај сите пофалби од жирито, испадна од „Ѕвездите на Гранд“: „Ти изгледаш како холивудска ѕвезда“
фото: принтскрин/инстаграм/мими јовановска

Мими Јовановска од Велес настапуваше во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“.

Во петиот круг Мими пееше во дуел со нејзината против кандидатка Александра Дабиќ. Нашата Мими се претстави со песните „Зошто си ме мајко родила“ и „Кажуј крчмо“.

фото: З. К Муња/ Д. Милошевиќ

По нејзините интерпретации Мими доби пет гласови од жирито и помина во бараж, додека пак Александра помина во шестиот круг.

Саша Поповиќ објасни дека Мими беше „аутсајдер“ односно дека во првиот круг никој од жирито не сакал да и даде глас и да ја земе под менторство туку само Џенан Лончаревиќ како гост ментор прифатил да работи со нашата претставничка. Поповиќ истакна дека е голем успех што стигнала до пети круг и добила пет гласа.

Членовите на жирито имаше само убави зборови за Јовановска.

„Мими твојата боја на гласот на моменти ме потсетува на песнички за спиење. Ти го кажувам во најдобра смисла, така да размисли да снимиш таков албум со приспивни песни, можеш да позајмиш и глас за некој цртан филм. Ти и покрај тоа што имаш убав глас, изгледаш како холивудска ѕвезда. Браво, вака изгледа една холивудска ѕвезда на црвен килим“, изјави Јелена Карлеуша.

фото: принтскрин/инстаграм

Марија Шерифовиќ исто така имаше пофални зборови за Јовановска истакнувајќи дека преубаво пеела.

„Ти си лудило“, додаде Шерифовиќ.

И останатите членови на жирито имаа само убави зборови за Велешанката. Меѓутоа, тоа не беше доволно.

Имено, Мими повторно пееше во бараж, но на крајот Саша Поповиќ  кога Поповиќ ги кажуваше кандидатите кои поминале понатаму меѓу нив не беше бројот на Јовановска.

фото: З. К Муња/ Д. Милошевиќ

Мими не помина во шестиот круг и покрај сите позитивни коментари таа испадна од музичкото шоу, а дали продукцијата ќе ја врати останува да видиме.

Нејзиниот настап може да го погледнете подолу на видеото на 2: 26: 54

Останати вести од Радио Милева