Радио Милева
шокантно сознание или естрадна лага?

Милош Бојаниќ го направил дедо му: На српскиот пејач татко му не му е татко, туку (полу)брат? (ФОТО)

Милош Бојаниќ го направил дедо му: На српскиот пејач татко му не му е татко, туку (полу)брат? (ФОТО)

Српскиот фолк пејач Милош Бојаниќ беше на мета на озборувања на селаните од родниот Јоховац во близина на Бјелина, а приказната што кружи низ селото дека вистински татко на Милош, всушност е неговиот дедо, е главна тема на неговите поранешни соселани.

Староседелците на ова мало место во Република Српска, од каде потекнува Бојаниќ и каде изградил прекрасна куќа кога стана славен и заработи големи пари, тврдат дека мајката на Милоше живеела со неговиот дедо пред да се омажи за неговиот официјален татко и дека популарниот пејач е роден таа нивна врска.

„Милош не го направил неговиот роден татко, туку го направил неговиот дедо! Неговиот дедо живеел со мајка му и тој го направил, па заради срамот, со неа го оженил неговиот син“ – тврди Живојин Жоја Јовановиќ, жител на селото Јаховац, по што излегува дека татко му на Милош всушност не му бил татко, туку (полу)брат.  Соселанецот додава и дека Милош тоа го знаел, а истото го дознале и неговите соученици и заради тоа во детството, тој честопати бил предмет на исмејување од неговите врсници.

„Пријателите на Милош од раната возраст добро ја знаат оваа приказна. Тие го задеваа на училиште за тоа. Бојаниќ беше шокиран од тоа што се занимаваат неговите соседи и по толку години, но  го изненади што дури и по неколку децении успешна кариери, луѓето не престанаа да му штетат. Истите оние кои се обидоа да му ја уништат неговата репутација. Тој се бранеше од нив дека зборуваат измислици.

„Знаете како, јас бев посебен во моето село. Во златното доба, на секои два или три месеци доаѓав со нов автомобил, градев куќа, го проширував мојот имот. Луѓето го гледаа тоа и оние поединци кои зборуваат будалаштини за мене,  се очигледно мизерни во нивните животи, така што и денес се занимаваат со тоа.

Зборуваат за нешто што е од пред две генерации пред нив и мене. Не е убаво да копаш по туѓите гробови. Нема смисла, не е човечки. Татко ми почина, дедо ми е починат оддамна и сега некој повлекува некои приказни што се чисти измислици“ –  вели пејачот!

Останати вести од Радио Милева