Радио Милева

Миљана Кулиќ дисквалификувана од „Задруга 3“

Миљана Кулиќ дисквалификувана од „Задруга 3“
фото: Принтскрин/јутуб

Миљана Кулиќ сношти беше дисквалификувана од „Задруга 3“ бидејќи жестоко се скара со Марко Миљковиќ, а потоа ја опцу продукцијата и водителот Милан Милошевиќ.

Таа го провоцираше Марко по имотот, а ситуацијата се смири кога започна емисијата во која задругарките гледаа снимки од претходната недела. Во еден момент, повторно започна кавга меѓу Миљана и Марко. Таа зема чаша со вода и го поли Марко, а тој уште и врати пожестоко.

фото: принтскрин/јутуб

Марко исто така ја поли Миљана со вода, а исто така си упатија жестоки закани.

За време на нивната кавга, Миљана му се закануваше на Марко дека ќе му ја скрши главата и вилицата, а истакна и дека пие психијатрски лекови и не одговара за своите постапки.

фото: принтскрин/јутуб

Набргу, по оваа ситуација, обезбедување ја изнесе Миљана од Белата куќа за да се смири.

„Тато, испрати некој по мене, станува збор за сериозни работи, ми ги мешаат терапиите и сешто ми даваат. Нека ми помогне некој. Обезбедувањето ми кажа дека ќе ми ја скрши главата“ изјави Миљана.

фото: принтскрин/јутуб

Нешто подоцна, водителот Милан истакна дека Миљана  е десквалификувана.

Како изгледаше кавгата меѓу Миљана  и Марко погледнете во видеото подолу.