Радио Милева
по вина на менаџерот

Милица Тодоровиќ за малку претепана во Загреб: Ќотек наместо хонорар за настап! (ФОТО)

Милица Тодоровиќ за малку претепана во Загреб: Ќотек наместо хонорар за настап! (ФОТО)

Милица Тодоровиќ води војна со бившиот менаџер Војислав Петровиќ – Воја, кој инаку и е и зет, односно сопруг на нејзината сестра Јована. Таа го обвинува за кражба на 60.000 евра кои наводно тој и ги затаил, пари кои биле наменети за купување стан на пејачката.

Но тоа не е единствениот инцидент кој таа го имала со сега веќе својот бивш менаџер. Иако првите две години соработка одела како подмачкана, потоа почнале да се слулуваат инциденти и немили ситуации. Во една таква, Милица за малку не добила ќотек, а Воја едвај извлекол жива глава и тоа по негова вина.

Имено, додека Милица пеела на сцената во еден ноќен клуб во Загреб, само што почнал настапот Воја на сопственикот му побарал поголем хонорар од договореното. Овој нормално, не сакал ни да слушне, по што дошло до кошкање, внесување лице в лице, а се вмешало и обезбедувањето. Само присебноста на Милица довела до тоа настапот да не заврши со тепачка. Истотото се повторило и друг пат во друг клуб во Хрватска, по што газдите на клубовите почнале повеќе да не ја викаат, велејќи и дека само заради почитта кон неа, менаџерот не бил претепан!

По ова пејачката била длабоко повредена и разочарана, но продолжила да соработува… Сепак, откако инцидентите станале се почести, решила да го отпушти, по што и денес е во лоши односи со својата сестра!