Радио Милева
батали го Балканот

Милица Тодоровиќ покажа дека не е „селска певаљка“, туку умее да пее и како светска ѕвезда: „Браво бре, Миле!“ (ВИДЕО)

Милица Тодоровиќ покажа дека не е „селска певаљка“, туку умее да пее и како светска ѕвезда: „Браво бре, Миле!“ (ВИДЕО)

Откако пејачката Милица Тодоровиќ објави видео од едно од  изданијата на „Ами Џи“ шоу на Инстаграм, каде ја изведе баладата на Ријана „Stay“ (Остани), пристигнаа бројни пофалби и позитивни коментари на сметка на изведбата на пејачката.

Таа доби пофалби од пејачката Јелена Розга, која и „аплаудираше“ во коментарите на Инстаграм, пишува Нова.рс, иако двете никогаш не го реализираа и снимија најавениот дует.

Тијана Дапчевиќ нималку не беше рамнодушна кон настапот на нејзината колешка, па во својот коментар напиша:

„Браво бре, Миле“!

Потоа следеа и се редеа и комнтарите на другите следбеници  на Милица.

„Миле, батали го Балканот и стани светска sвезда“ – беше можеби највпечатливиот од коментарите.

Инаку, Милица често објавува снимки на својот Инстаграм профил каде изведува песни од странски изведувачи, а особено беше активна за време на вонредната состојба, која ја помина во родниот Крушевац со родителите.

 

View this post on Instagram

 

#milicatodorovic #rihanna #stay

A post shared by Milica Todorovic (@milicatodorovicofficial) on

Останати вести од Радио Милева