Радио Милева

Милица Тодоровиќ откри која желба сака да си ја исполни во 2019-та година

Милица Тодоровиќ откри која желба сака да си ја исполни во 2019-та година

Милица Тодоровиќ, Нова година ја пречека во кругот на семејството. Милица не сакала да настапува за најлудата ноќ, а сега откри и зошто.

„По 15 години првпат не работев за Нова година и ми беше многу убаво, тоа ми беше една голема желба. Да не гледам како се одбројува, сите се веселат, а јас пеам. Ајде сега мене да ме бакне момчето, па јас да го бакнам него“ вели пејачката.

Таа откри која е и неисполнета желба и што сака да оствари во 2019 година.

„Никогаш не сакам да правам планови, но оваа година сакам да го издадам својот втор албум, кој го подготвувам веќе девет години“ изјави Тодоровиќ и истакна дека поради професијата нема време да се готви.

„Двајцата работиме и се храниме со брза храна. Јас сакам се и најмногу сакам грав, не постои поубава храна од тоа“ вели пејачката за „Премиера“.

Милица пред камерите откри дека се обидела еднаш да зготви традиционална божиќна храна,  но не успеала.

Останати вести од Радио Милева