Радио Милева

Милица Тодоровиќ е подготвена да се повлече од јавноста, а ова е причината

Милица Тодоровиќ е подготвена да се повлече од јавноста, а ова е причината
фото:милицатодоровиќ/инсатграм/принтскрин

На српската пејачка Милица Тодоровиќ моментално и цветаат ружи на професионално и приватно поле. Додека работно ниже успеси, во исто време е во долга врска со кореографот Милош Пауновиќ.

Иако врската ја почна бурно бидејќи Милош тогаш беше во брак, тој ја остави сопругата и детето за да почне љубовна романса со Милица. А таа романса трае веќе пет години. Милица се почесто размислува да основа семејство.

фото:милицатодоровиќ/инсатграм/принтскрин

-Цел живот се водам по тоа дека некои работи не може да се планираат во животот и дека доаѓаат сами по себе. Сега многу би сакала да ми се случи бебе. Милош и јас во последно време често разговараме за основање семесјтво. , пренесува српски „Информер“.

Иако нејзиниот избраник веќе има дете, сака повторно да се оставари во улогата на татко. Тој ретко се појавува во јавност, но е голема поддршка и кога нејзината кариера е во прашање. А изгледа дека Милица е подготвена да ја остави кариерата, поради улогата на мајка.

Останати вести од Радио Милева