Радио Милева

Милица Павловиќ призна дека 10 години не се слушнала со нејзината мајка

Милица Павловиќ призна дека 10 години не се слушнала со нејзината мајка

Откако се појави на музичката сцена, Милица Павловиќ зборува за своите баба и дедо, а родителите многу ретко ги спомнува.

Пејачката долго време не ја спомнува својата мајка, а сега призна дека една деценија не се слушнала со неа.

„Ја имам видено, но не се слушнав со неа“ изјави Павловиќ.

Како што објасни за родители ги смета своите баба и дедо.

„Јас пораснав со нив. Се што знам е благодарение на нив“ изјави, а на прашањето дали е лута на своите родители, таа одговори.

„Не. Која сум јас да судам? Родена сум во Швајцарија каде живеев во нејраното детство. Кога се разведоа моите родители заминав да живеам со моите баба и дедо“ вели Милица.

Милица призна дека десет години не се видела со нејзината мајка.

„Не сум, едноставно така се случи. По разводот, доаѓаше да ме види, а подоцна не се интеренсираше за мене. Сега кога имам 21 година не ми се потребни нови луѓе во животот. Мајчинската љубов ја добив од баба ми и дедо ми“ изјави Павловиќ во една прилика.