Радио Милева
Далеку од очи,далеку од срце

Милица Павловиќ го откачи момчето: Пукна љубовта на секси сењорита со спортистот?!

Милица Павловиќ го откачи момчето: Пукна љубовта на секси сењорита со спортистот?!
фото:инстаграм/принтскрин/сењорита милица

Пејачката Милица Павловиќ наводно раскинала со ватерполистот Николас Савељиќ, по четири месеци врска.

Тие, наводно, не можеле да одржат врска на далечина, бидејќи спортистот живее во Лос Анџелес, Америка, па тоа е причината за раскинувањето:

– Милица и Николас беа заедно поминаа прекрасно лето. Тие патуваа низ регионот и минуваа време во Црна Гора и Хрватска. Проблемите започнаа кога тој мораше да се врати во Америка – вели изворот

 

View this post on Instagram

 

🎞

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica) on

– Тој вели дека Милица наводно се обидела на секој начин да ја одржи таа врска:

– Тие беа во постојан контакт. Ним не им сметаше временската разлика, секогаш наоѓаа време да се допишуваат и да разговараат преку видео повик. Тие ја одржуваа љубовта два месеци, но на крајот се „скрши“. Милица е таа што не можеше да издржи ваква врска. Му рече дека треба да биде таму, да се гледаат, да се бакнуваат, да се гушкаат, да излегуваат заедно. Плачеа кога раскинаа, затоа што навистина се сакаат, но сфатија дека нивната врска нема иднина. – заклучува изворот.

Останати вести од Радио Милева