Радио Милева

Mили конечно откри зошто го „извиси“ македонскиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“, па удри по жирито: „Вие сте слепци“

Mили конечно откри зошто го „извиси“ македонскиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“, па удри по жирито: „Вие сте слепци“
фото: Принтскрин/јутуб

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, секој кандидат кој ќе го поминуваше првиот круг бираше кој од членовите на жирито ќе му биде ментор.

Исто така, во секоја емисија имаше еден гост – ментор, па доколку никој од членовите не го земе кандидатот тогаш можеше гостот – ментор да го земе учесникот во својата група и да го подготува.

Така, македонскиот кандидат Никола Станишиќ од Скопје требаше да биде под менторство на Александар Милиќ Мили.

Меѓутоа, пејачот го извиси и не работеше со кандидатот.

Сега, кога Мили е директор на музичката продукција и е дел од „Ѕвездите на Гранд“, во саботната емисија кога Никола се појави на сцена откри зошто не работел со Македонецот.

Имено, прво тој избегнуваше да даде конкретен одговор, а потоа истакна дека немал време затоа што работел на нов голем ангажман.

„Никола, започна мојот ангажман и немаше можност да продолжам со тебе, но ми е драго што си успеа затоа си прекрасно и талентирано сушество. А вие слепци го исфрливте“, изјави Мили.

фото: Принтскрин/јутуб

Во своето излагање, Мили членовите на жирито ги нарече „слепци“ бидејќи претходно не го виделе талентот на ова момче и не му дале гласови.

фото: Принтскрин/јутуб

По овој коментар, Марија Шерифовиќ се навреди и заедно со Македонецот го напушти студиото.

„Никола, јас и ти си одиме, нема да слушам некој да не нарекува „слепци“, а само што дојде во жирито“, изјави Марија и со Станишиќ го напушти студиото.

Останати вести од Радио Милева