Радио Милева

Мили дојде во „Ѕвездите на Гранд“ да го земе кандидатот кој никој не го сака, па го одбра овој Македонец: „Подготви се ќе имаш многу тежок период“

Мили дојде во „Ѕвездите на Гранд“ да го земе кандидатот кој никој не го сака, па го одбра овој Македонец: „Подготви се ќе имаш многу тежок период“
фото: принтскрин/јутуб

Од емисија во емисија станува се повеќе интересно во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Во новата сезона повторно учествуваат добро познати македонски кандидати кои биле и претходните години, но и кандидати кои никогаш досега не се појавиле на сцената на „Гранд“.

Она што е ново во четиринаесетта сезона е тоа што во секоја емисија има гост – член во жирито кој може да одбере кандидат и да биде ментор.

Во саботното издание на музичкото шоу гост – ментор беше Александар  Милиќ Мили кој на почетокот на емисијата се пошегува и исткна дека ќе го земе оној кандидат кој никој не го сака, односно кој нема да добие гласови.

фото: Принтскрин/јутуб

Во најновата емисија настапуваше и македонскиот претставник Никола Станишиќ од Скопје.

Никола во првиот круг се претстави со песните „Болиш ме“ од Мирза Селимовиќ и „Имам само једни жељу“ од Амар Гиле.

фото: принтскрин/јутуб

По неговите интерпретации, Никола не доби ниту еден глас од стандарното жиро, но тогаш се вмеша Мили:

„Јас му ветив на Сале дека ќе дојдам да го земам оној кандидат кој никој не го сака, епа ќе те земам тебе“.

фото: принтскрин/јутуб

Мили му даде глас на Никола, односно тој ќе биде негов ментор, па му порача:„Подготви се, ќе имаш многу тежок период“ изјави Мили.

фото: Принтскрин/јутуб

Шерифовиќ имаше критики за македонскиот кандидат.

„Ова ми беше како без идентитет. Си одбрал супер песни, но помина времето на тие песни, како да ти објасним. Ти овде дојде како нешто малку да пееш, па малку луѓето да играат, тоа е потполно глупаво размислување. Симпатично си момче, насмевка, енергија. Доби ментор и нека ви е со среќа“ изјави Марија.

фото: Принтскрин/јутуб

Како Мили ќе го подготви Никола, кои совети и препораки ќе му ги даде на Македонецот и како тој ќе се претстави во следниот круг, останува да видиме.

фото: Принтскрин/јутуб

Неговиот настап може да го погледнете во видето подолу на 55:58

Останати вести од Радио Милева