Радио Милева

Милена Антовска сподели преслатко видео од нејзината ќерка како и се радува на мама на ТВ екраните (видео)

Милена Антовска сподели преслатко видео од нејзината ќерка како и се радува на мама на ТВ екраните (видео)

Македонската водителка Милена Антовска пред една година стана мајка на своето прво дете, ќерката Лана Марија.

Оттогаш, Милена е посветана на мајчинството и секој слободен момент го поминува со семејството. Веднаш по породувањето, Милена оправдано се повлече од ТВ  екраните, па улогата на водителка ја замени со улога на мајка.

Во текот на таа година, Милена не беше актуелна во телевизиските појавувања, но  преку социјалните мрежи ги информираше следбенците за нејзините активности и како си поминува во породилното отсуство.

Антовска пред некое време се врати на ТВ екраните. Меѓутоа, новата сезона водителката ја започнува со нови проекти. Имено, водителката која имавме прилика да ја гледаме на Утринска емисија сега ќе води нова емисија „Сподели проблем со Милена“.

Деновиве, на социјланите мрежи кружи рекламно видео за новиот проект на Антовска, а на својот Фејсбук, Милена сподели видео на кое нејзината ќеркичка стои пред ТВ екраните и ја гледа мамичка.