Радио Милева

Милена Антовска се подготвува за враќање на ТВ екраните, па им прати поздрав на гледачите

Милена Антовска се подготвува за враќање на ТВ екраните, па им прати поздрав на гледачите

Пред една година, македонската водителка Милена Антовска стана мајка на своето прво дете  Лана Марија.

Отогаш, Милена се повлече од јавноста и потполно е посветена на мајчинството и ужива во нејзиното прво бебе.

Милена Антовска во текот на бременоста речиси не се промени,  ниту се промени по породувањето. За среќа, таа немаше проблеми со вишокот на килограми, кои обично жените ги добиваат по породувањето.

фото: Фејсбук

По една година пауза, македонската водителка на социјалните мрежи се пофали дека се враќа на работа.

На својот „Инста стори“ таа сподели фотографија од фризуреско студио, а потоа објави и фотографија од финалниот производ,а во описот напиша: Кој се враќа на работа?

Милена на фотографијата е насмеана, па очигледно дека оваа пауза добро и годела на водителката.

фото: Принтсркин/инстаграм