Радио Милева

Милена Антовска го смени имиџот: Освен промената на лицето, се стегна во бели фармерки и покажа голо стомаче пред камери (фото)

Милена Антовска го смени имиџот: Освен промената на лицето, се стегна во бели фармерки и покажа голо стомаче пред камери (фото)
фото:инсатграм/миленантовска

Од пред извесно време ТВ водителката Милена Антовска-Станковска се повеќе е решена да го менува својот визуелен израз.

Па така, неодамна ја скрати косата и стана една од оние познати македонски кои не заобиколија да го износат овој тековен тренд на фризура.

Деновиве на својот профил на Инсатграм Милена повторно се пофали со нов изглед, односно стави очила на лицето и фотографијата ја опиша како „новата јас“.

фото:инсатграм/миленаантовска

На објавата се редеа доста коментари со пофалби дека и прилегаат одлично, но и такви кои ја прашаа дали очилата за вид ги носи само поради имиџ или има проблем со очите.

Милена не остана резервирана, туку веднаш одговори дека очилата се со диоптер и дека не ги носи само поради промена на изгледот.

фото:инсатграм/миленаантовска

Следниот ден, пак имаше мерак да направи уште некоја фотографија со очилата, па „стегната“ во тесни бели фармерки и голо стомаче кое ѕирка, Милена повторно ги собра сите епитети.