Радио Милева

Милена Антовска блесна во венчаница: „Сакам повторно да се мажам“

Милена Антовска блесна во венчаница: „Сакам повторно да се мажам“
фото: фејсбук

Водителката на Канал 5, Милена Антовска пред три години заплива во брачните води со сопругот Гордан Станковски.

За нејзината свадба, Милена изгледаше како божанствена невеста. Меѓутоа, водителката повторно облече венчаница и тоа со многу убав повод.

Имено, викендов во Скопје се одржува 10-то јубилејно издание на „Саем на венчавки“.

Облечена во раскошна венчаница која е креација на Нена Конели, Антовска изгледа прекрасно. Имено, таа носи бел невистински фустан со поширок долен дел кој одлично и прилега на нејзиното тело.

фото: принтсркин/инстаграм

Милена за „женски магазин“ изјави дека кога се гледа во овој фуста повторно би сакала да се мажи.

“Во мај ќе прославиме три години брак. Гледајќи се во овој прекрасен фустан, добив желба за уште една свадба”, изјави водителката.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Милена и Гордан заедно од бракот ја имаат ќерката Лана Марија.

Останати вести од Радио Милева