Радио Милева

Mиле Китиќ нападнат на настап во Швајцарија: „Вакво нешто ми се нема случено“ (видео)

Mиле Китиќ нападнат на настап во Швајцарија: „Вакво нешто ми се нема случено“ (видео)
фото: ата имагес/антонио ахел

Пејачот Миле Китиќ доживеа голема непријатност кога претходниот петок на настап во Базел бил нападнат.

Како што пишуваат медиумите, непознато момче се приближило кон пејачот, го повлекол и турнал од сцената, а веднаш реагирало и обезбедувањето.

Пејачот за пинк.рс откри што навистина се случило.

„Пејам 48 години, никогаш во животот немав непријатности, се досега…Знаете, јас сум искусен, кога ќе видам некој да е ваков или онаков, да се обидува нешто…јас не му се приближувам…Нема каде не сум пеел, и за време на војната, но вакво нешто ми се нема случено“ вели Китиќ и продолжува:

фото: ана паунковиќ

„Во петок вечер пеев во Базел, дојде еден гост и ми вели: „Дали може таа песна?“, а јас му одговорив: Почекај, не можам да ја прекинам оваа што ја пеам“. Јас убаво му кажав само да ја завршам песната што ја пеам, не можем среде песна да почнам друга да пеам. Тој ме фати за ракав и ме повлече, имаше неколку скали, јас се сопнав и паднав….Веднаш реагираше обезбедувњето. Немаше удари, но се појави таа грда снимка. Но, верувајте ми, да јас забележав нешто чудно, да е агресивен, да ме гледа, веднаш ќе му кажав на обезбедувањето, но јас тоа не го забележав, само најнормално му реков дека не можам во ист момент да ја пеам песната која ја бараше“ вели Китиќ.

„Таму беше и неговата жена, почна да плаче, хаос. Еве, мобилниот телефон ми ѕвони нон – стоп, сите се потресени, посебно мојата Марта која го виде видеото, а не знае што се случи, се е океј“ вели пејачот за пинк.рс.

Тој објаснува дека немало повреди и немало потреба од лекарска помош, па уредно продолжил со својот настап.

Останати вести од Радио Милева