Радио Милева
само една е вистина

Миа Костова одговараше на претпоставки за неа: „Отсекогаш знаев дека ќе бидам пред публика“

Миа Костова одговараше на претпоставки за неа: „Отсекогаш знаев дека ќе бидам пред публика“
фото: Принтскрин/инстаграм/ миа костова

Некогашната македонска водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова постојано е активна на социјалните мрежи.

Имено, Миа е некој кој постојано е во контакт со оние кои ја следат и го сакат она што прави. Често се вклучува во живо и разговара на одредена тема, им дава совети на луѓето, им препорачува козметички производи, одговара на нивни прашања…

Овој пат, Миа имаше „задача“ за нејзните следбеници, односно тие да напишат нешто за неа, а таа да открие дали тоа е вистина или не.

„Претпостави нешто за мене, па ќе ти кажам дали е точно или не“, напиша Костова.

Така корисниците на социјалните мрежи беа доста креативни.

„Кралица на виното“, а Миа истакна дека ова е точно  – „Во секое време и во секоја пригода“.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

Дали внимаваш на исхраната покрај цело тоа јадење?

„Ќе излажам ако кажам дека сега внимавам, што значи се гледа и на мене, ама тоа не ме плаши зошто си го знам карактерот“.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

„Гледаш турски серии?“.

„Касандра ја глеав во премиера. Трудна ја гледав Величствениот. Од тогаш тапа“.

„Зависник од кафе“, а Миа откри дека пие едно науто, а некогаш ни едно.

„Никогаш не си знаела како мала дека ќе бидеш на ТВ“, а некогашната водителка откри дека отсекогаш знаела дека ќе биде пред публика.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

„Сум знаела секогаш дека ќе бидам пред публика, мислев пејачка, ама немам талент, мораше да бидам водителка“.

„Многу си паничарка“, а Костова одговори:

„За воља на вистината, ич.Во моментот воопшто, подоцона за сите испаничиле во моментот“.

 

„Хипохондрик?“ – Страшно. Да не си ми во кожа.

И во најлоша ситуација ќе се насмееш и ќе го решиш проблемот“, а Миа откри дека тоа не е вистина:

„Не, плачам, барам правда, се расправам, нервозна сум, не спијам, пцујам, додека не решам“.

„Некој кој може да се замисли да живее во Италија“? , а некогашната водителка откри дека тоа е вистина.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

 

„Еден Камелеон од жена. Кај и да те однесе патот ќе се снајдеш“,  а Миа откри дека тоа е точно.

„Не може да не може. Во пустина ќе отворам продавница за песок и ќе се продава“.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

„Ги цениш твоите фанови“, а на оваа претпоставка Миа одоговори:

„Фанови? Ма дај, тоа не постои…Не ми е реален зборот. Има луѓе на кои им е забавно и креативно тоа што го правам, ме следат некои од забава, некои од бес. И едните и другите ги почитувам за истрајноста. Ни едните ни другите не се ни фанови ни хејтери.Не сметам дека сум којзнае што за фанови ниту за некој да се труе со мене цел ден па да е хејтер. Оние кои се тука со добра намера и поддршка за она што го правам ги сакам навистина многу и им благодарам за секој убаво збор во инбокс.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

Инаку, Миа е од оние јавни личности кои прележа корона и на Инстаграм јавно зборуваше за своето искуство.

Останати вести од Радио Милева