Радио Милева
Kој тука „не е свеж“?

Миа Костова на својот Инстаграм одговараше на прашања, па кога ја прашаа зошто повеќе не го води „Бекстејџ“, еве што одговори (ФОТО)

Миа Костова на својот Инстаграм одговараше на прашања, па кога ја прашаа зошто повеќе не го води „Бекстејџ“, еве што одговори (ФОТО)

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ кој оди секој работен ден на Канал 5 телевизија важи за најдобрата телевизиска естрадна забава во Mакедони ја, балканот и светот. И не само забавен, туку и информативен, за се што се случува и ќе се случува на полето на забавата, естрадата, музиката, модата… Но, „магазинот од зад сцената“ неретко ја покажува и другата страна на медалот не само кај естрадните личности, туку и кај познатите актери, спортисти, водители, па и политичари и сите останати јавни професии… Интересно, оригинално, а тие секогаш подготвени први да ви откријат што ново има во јавниот свет. Со еден збор ТВ лектира која не треба да се пропушти.

До неодамна водителската двојка зад камерите беше од „мешовита природа“ или пол, како сакате… Мирослав Миро Кацаров и Миа Костова… Однеодамна, Миро е соло! Миа едноставно преку ноќ како да исчезна од ТВ екранот?!

И тука тргнаа претпоставките, нагаѓањата, шпекулациите… Русокосата заради несериозниот однос кон работата добила шут-карта, не, туку е привремена пауза заради приватни обврски, има друга работа па не може се’ да постигне, се подготвува за нов проект на продукцијата…? Илјада дилеми, а само еден точен одговор, кој Миа самата неодамна го наговести во еден од македонските медиуми, а сега и го потврди.

Имено, како што одвреме-навреме тоа вообичаено го прави, таа одговараше на прашања на своите следбеници на Инстаграм, па едно од прашањата беше и тоа зошто повеќе „не работи“ во Бекстејџ и каде е сега, ако веќе не е ангажирана таму?

Миа го даде најконнкретниот и веројатно најточен одговор, демистифицирајќи ги сите претпоставки за тоа што се случува со неа на професионален план.

„Многу прашања имам на темава. Тоа што не сум на телевизија периодов, не значи дека не сум и дел од екипата. Што ќе се случува понатаму, ќе договориме со продукцијата. Секако, на бекстејџ – Македонија, како и секогаш, му треба освежување“ – напиша водителката во лаконскиот одговор кој можеби ја задоволи љубопитноста на нејзиниот обожавател/ка, но не комплетно и на јавноста.

Зашто она „освежување“ наметнува нова дилема: Кој тука не е „свеж“? Магазинот од зад сцената или…?

Останати вести од Радио Милева