Радио Милева

Миа Костова ја прашаа дали размислува за принова и второ бебе – еве го нејзиниот одговор

Миа Костова ја прашаа дали размислува за принова и второ бебе – еве го нејзиниот одговор

Користењето на социјалните мрежи се повеќе ни овозможува да дознаеме за активностите на јавните личности и да откријат дел од приватниот живот.

Некои од нив се премногу зависни и постојано објавуаат што прават и каде се, а некои само се огласуваат кога работата е во прашање.

Некои дури ги користат социјалните медиуми за да бидат инфлуенсери и да промовираат одредени брендови.

Водителката  на „Бекстејџ“, Миа Костова често е активна на социјалните мрежи и известува своите следбеници за нејзините ангажмани.

Овојпат таа издвои време за своите фанови кои имаа прилика да и поставуваат прашања во кратките приказни на „Инстаграм“, а таа одговараше.

Еден од фановите ја праша дали размислува за второ дете, а еве што одговори познатата водителка:

„Кога гледам слики од него ме фаќа носталгија, ама не ми трае долго. Значи, за сега не“ одговори Костова.

За потсетување, Миа го има синот Андрија.