Радио Милева

Mиа Костова го прокоментира статусот на Панчо за тангите на плажа (видео)

Mиа Костова го прокоментира статусот на Панчо за тангите на плажа (видео)
фото: тијанаскулиќ/инстаграм/миаандрија

Деновиве, една од главните теми во медиумите кога станува збор за македонската естрада и јавна сцена е статусот на Владмир Блажев односно Панчо од „ДНК“ за тангите на плажа во Охрид.

Имено, тој на својот „Фејсбук“ напиша објава истакнувајќи дека не е секој г*з за танга по плажа.

фото: фејсбук

Овој негов статус предизвика реакции кај фиминистките, инфлуенсерките, но и кај некои познати дами кои истакнаа дека си го сакаат своето тело.

Некогашната македонска водителка  Миа Костова се вклучи во живо на „Инстаграм“ и го прокоментира статусот на Панчо.

„Прво и основно, познавајќи го Панчо, без никаква потреба да го бранам, го извадија и го извадивте од контекст. Единствено нешто за кое јас имам замерка кога е во прашање статусот е последните две емоџи со кои им даде до знаење на жените кои имаат вишок на килограми дека се свињи. Тоа му беше голема грешка, но верувам дека не мислел кој знае колку лошо. А она што јас го читам кога ќе го прочитам статусот на Панчо е нешто што во моментот кога погледнал некаде или видел нешто му засметало. Не е дека тој имал право да каже кој како ќе се носи. И јас навистина многу почитувам девојки „oversize“ кои се носат извонредно добро со килажата која ја имаат“ вели Костова во видеото и додава:

фото: Инстаграм

„Едноставно во тој момент не му се допаднало тоа што го видел. И точно се сложувам, сметам дека не смееше да се обрати ниту во еден момент со емоџи прасе, тоа му е единственото нешто што сметам дека го погреши. Ова другово едноставно е лично мислење. И не мора Панчо да е манекен и да метар и 90 за да има лично мислење“, вели меѓудругото Миа во „лајвот“ на Инстаграм.

Исто таа и истакна дека секој од нас се нашол барем еднаш во ситуација да коментира бидејќи тоа ни е во природата.

Целото излагање и целиот „лајв“ може да го погледнете во видеото подолу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♎️Миа Костова♍️ (@miandrija) on

Останати вести од Радио Милева