Радио Милева
изборни морбили

Миа Костова „еден на еден“ со министерот Филипче: Венко, нели имаш епидемија, па принудно вакцинираш, а ваму терате гласање по училишта? (ФОТО)

Миа Костова „еден на еден“ со министерот Филипче: Венко, нели имаш епидемија, па принудно вакцинираш, а ваму терате гласање по училишта? (ФОТО)

Паузата во гласањето меѓу двата изборни круга, македонската ТВ водителка Миа Костова, која  меѓудругото е и самохрана мајка на малолетно дете кое оди во основно училиште, ја искористи јавно да му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче.

Имено, Миа е позната како голем поборник за слободно одлучување на родителите за здравјето на своите деца. Затоа по задоцнетото прогласување на епидемија од заразните морбили и таканареченната принудана теренска вакцинација од страна на министерот и неговата здравствена свита, Миа реши јавно да го прозве и да му се обрати. Причината – „изборни морбили“!

„Во моментов се паркирам прд училиштето на Андрија (синот на Миа) чисто да се договориме со Венко и екипата околу теренската вакцинација, односно принудното вакцинирање. Мене ме интересира, како при прогласување на епидемија на ниво на Македонија, се одвиваат едни избори каде што циркулираат илјадници луѓе и гласањата за истите тие избори се случуваат по училишта? Венко?“ – се зборовите со кои му се обрати Миа Костова на министерот Филипче во приказните на својот Инстаграм профил.

И сосема оправдано. Ако веќе си прогласил епидемија во која најзагрозени се децата, па сакале или не ги принудуваш со закон или со низа мерки нивните родители и старатели да мораат да ги вакцинираат, како тогаш не превземаш ништо таа зараза да се шири? Напротив, на извесен начин уште и ја „стимулираш“ со отворањето на школите и градинките за гласање?

Очигледно време е за метла! Не за метла… За хемиско чистење! За генералка… И тоа голема! Ама, големата метла за среќа, овој пат се покажа дека е во рацете на… народот! И не само метлата… Најголемите валканици  народот има да ги вади со… „Кирби“!