Радио Милева
Не знаеш која е позгодна

Миа Костова е „авион“ уште од девојче, ама да ја видите госпоѓа мама… Мајка и е „џамбо џет“! (ФОТО)

Миа Костова е „авион“ уште од девојче, ама да ја видите госпоѓа мама… Мајка и е „џамбо џет“! (ФОТО)

ТВ водителката Миа Костова важи за една од најзгодните и најсексапилни Македонки кога се во прашање јавните  фаци во земјава! Особено нејзината убавина дојде до израз последниве години, откако драстично ослабе и ја бојадиса косата во „блондинка“!

Но  русокосата водителка, својата убавина ја носи уште од малечка, што се вели уште од девојче… Фотографиите од детските денови се крунски доказ за нејзината убавина.

Уште тогаш се гледа дека „малечката сирена“  еден ден ќе прерасне во „згодна риба“! Или што би рекле по скопски жаргон – „во авион“!

Ама, бидејќи ништо не е случајно и „крвта не е вода“,  па и гените мораш да ги наследиш од некого, а со самото тоа и убавината. А Миа очигледно тоа го има наследено од нејзината мајка Оливера, некогашна професионална балерина.

Па ако Миа е „авион“, за госпоѓа Оливера слободно може да се каже дека е „џамбо џет“! Сега, а камо ли во младоста!

Без оглед на годините, мајка и на Миа изгледа како за неа времето да застанало: стегната, цврста, со тело – вретено и става за на модна писта, згодна, сексапилна… вистинска аристократска убавина.

Како на водителката да и постара сестра, а не родител!

Госпоѓа Оливера деновиве славеше роденден кој се поклопи со „Ноќта на вештерките“, па нејзината Миа покрај останатото ги искористи  и социјалните мрежи, односно својот Фејсбук профил за да и  упати интересна роденденска честитка на мама:

Од вештици што немаат метла или барем никад не ја покажале јавно дури и на најблиските од семејството е една дупла шкорпија родена на Халовин. Е сеа, замислете си како изглеа сознанието да сте најблизок потомок на истата, да не речам да ве има родено. Не дава совет, туку редовно предвидува. Погласна е и од мене, иако викаат дека со годините човек се смирува, за неа тоа не важи. Личи ко денес да полни 35, а уствари полни 56. Среќен роденден на мајката родилка! Да ми е жива и здрава, уште барем толку за да не морам јас да мислам дали нешто ќе се реши или не“ – напиша Миа на својот профил!

 

Останати вести од Радио Милева