Радио Милева

Миа Борисављевиќ ја ограбиле на снимање на спотот среде Виена

Миа Борисављевиќ ја ограбиле на снимање на спотот среде Виена

По породувањето, Миа Борисављевиќ се врати во форма и на своите музички активности, а сега објасни што дожевеала за време на снимање на спотот.

Додека го снимила спотот во Виена, Миа била ограбена.

„Бевме во Виена и снимавме спот. Беше „Ноќ на вештерките“ и не ограбија на снимањето на спотот. Не ги носевме пасошите со нас и за среќа не носев важни работи со себе. Дури ни мобилиниот телефон не ми беше со мене, имав малку пари и клучеви кои нема да се функционални во Виена. Спотот се снимаше на улица, а во една сцена имаше добар автомобил, сите се приближија да го гледаат,  не забележавме каде ги оставивме чантите, па сешто се случи. Беше „Ноќ на вештерките“, па во градот беше лудница“ вели Миа.

Инаку, за потребите на спотот Миа ја промени фризурата, а на тоа најмногу реагираше нејзината ќерка.