Радио Милева

„Ми се смени животот доживотно“: Елена Ристеска со емотивна порака за починатиот татко

„Ми се смени животот доживотно“: Елена Ристеска со емотивна порака за починатиот татко

Пред две години почина татко на популарната пејачка Елена Ристека. По една ипол година лекување, тој ја загуби битката со ракот.

И по две години болката и тагата не поминуваат, а пејачката се потсети на нејзиниот татко кој и беше најголема поддршка.

Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија заедно со нејзиниот татко, а во описот напиша:

Пред 2 години на овој ден, ми се смени животот доживотно. Се дели на пред и после тебе. Тој дел “пред” се викаше живот.

Веднаш следеа коментари со поддршка од нејзините пријатели, следебеници, но и нејзините колеги меѓу кои Тамара Тодевска и Панчо од ДНК.