Радио Милева

„Ми беше многу тешко и емотивно“: Илда Шаулиќ откри дека снима песна посветена на Шабан Шаулиќ

„Ми беше многу тешко и емотивно“: Илда Шаулиќ откри дека снима песна посветена на Шабан Шаулиќ
фото: Принтскрин/пинк/рс

Пејачката Илда Шаулиќ во емисијата „Премиера“ откри дека снима песна посветена на нејзиниот починат татко, пејачот Шабан Шаулиќ.

„Беше тешко и емотивно, но со вистинска емоција. Многу ми е драго што таа песна која за мене е пишувана пред седум, осум години ја напиша Пеѓа Меденица“ вели Илда.

фото: принтсркин/пинк.рс

Илда откри во кој фазон ќе биде песната и како дошла до идејата со таа песна да се врати на музичката сцена.

„Јас на оваа песна се сетив пред неколку месеци и му кажав на мојот соработник Енџи Мавриќ : „Каде е она песна што за мене ја пишуваше Пеѓа?“ и тој ми oдговори: „Од каде се сети на тоа“. Му реков дека текстот е многу добар, така да средивме се што треба и песната е многу убава.  Песната е балада и многу сум врзана за неа и посветена е на мојот татко и едвај чекам да ја слушнете. Едноставно се пронајдов во својата приказна, поврзано за својот татко, а сите ние во животот имаме некој кој го немаме“ вели Илда.

фото: принтсркин/пинк.рс

За потсетување, Шабан Шаулиќ почина во февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Останати вести од Радио Милева