Радио Милева

Мештаните открија непознати детали за односот на Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ!

Мештаните открија непознати детали за односот на Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ!

Беквалац откако се омажи за Лука Лазукиќ планираше својот живот да го продолжи на имотот во Ченеј. Меѓутоа, овие планови не се исполнија поради случувањата од пред еден месец, односно откако Лука физички ја напдна Наташа.

Репортерите на порталот „Ало“ го посетиле имотот на пејачката, но таа не била таму. На имотот бил чуварот кој неодамна Ната го вработила за да го чува домот.

Мештаните кои живеат во близина открија дека Беквалац не ја виделе неколку дена, а дека нејзиниот сопруг им оставил лош впечаток.

„Тој не се знае да се поздрави! Јас ќе му кажам добар ден, а тој молчи. Наташа е фина, но повеќе сакаме кога ќе дојде нејзината сестра, која е поатрактивна, вели Бранко Чуриќ.

Додека пак сопственичката на една кафеана смета дека Беквалац воопшто не е крива.

„Селото ја штити Наташа и се гордее со неа. Сигурна сум дека Ната не е крива. Таа е ѕвезда, а кога ќе дојде ќе се прошета до продавница и се однесува како обична девојка. Неколку пати бев сведок кога Наташа сама влечеше ќеси од продавница, додека Лука ја следеше. Дури и помагаа девојки од фармата, а тој не сакаше, вели Мирјана.

Постојат и други мислењеа, па главниот ораганизатор на важни настани во ова месото, господинот Светозар Мургашки Цвета вели дека имотот процветал откако пејачакта се омажи за Лука.

„Неколку дена пред инцидентот, Лука му кажа на мојот син дека ќе го среди патот до имотот, бидејќи неколку пати му се заглави колата во нива. Требаше да стави пет тона цимент за да може лесно да пристигнат до куќата. Пред бракот имаше мала куќа, а откако Наташа се омажи за Лука изградија вила, вели Цвета.

Гдобредојдена во овој крај, а сакаат и следната година да им запее на локалната манифестација во мај.

Тие сметаат дека сопругата на Лука воопшто не е крива за крајот на бракот.

„Го гледав Лука кога се појави во утринска емисија и по очите се гледаше дека не ја зборува вистината и дека не е искрен. Тој човек не е од доверба, а Наташа очигледно му веруваше, вели Мича Панчов.

фото:ало.рс