Радио Милева

Месец октомври во знак на Сара Мејс: Oткако неодамна и „пукна срцето“ од среќа, пејачката повторно има повод за радување!

Месец октомври во знак на Сара Мејс: Oткако неодамна и „пукна срцето“ од среќа, пејачката повторно има повод за радување!
фото: Инстаграм

Месец октомври дефинитивно е во знак на македонската пејачка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс.

Освен тоа што на 20 октомври го слави својот роденден (на ист ден како и балканската ѕвезда  Лепа Брена), деновиве само убави вести пристигнуваат од домот на Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски.

Имено, добро познато е дека Сара одлично свири и на харфа, а токму на својот роденден таа како харфистка ќе  ја претставува Македонија токму на светскиот ден на харфата како дел од меѓународниот проект на Окса.

Меѓутоа, деновиве повторно пристигнуваа убави, среќни, радосни вести од домот на пејачката и водителот.

Овој пат тие се однесуваат на нивниот приватен живот, нешто што ги прави посебно горди, среќни.

Имено, нивната ќеркичка Илина за првпат тргна во градинка, а овој емотивен момент мама Сара го забележа со својот мобилен телефон и го сподели на социјалните мрежи.

– Тргнавме во градинка! Јеее! Џиџомирче мајкино, човекче мое омилено, добредојде во светот на децата!“, напиша пејачката покрај фотографиите.

фото: фејсбук

фото: фејсбук

Малата Илина во градинка  ќе започне нова, но важна етапа. Ќе има прилика да стекне нови другарчиња, а најчесто другарчињата од градинка остануваат пријатели за цел живот.

Мама и тато сигурно се горди на своето девојче кое секој нивен ден го исполнува со радост, љубов и среќа,

Потсетуваме, Сара и Димитар пред две години станаа родители за првпат.

Останати вести од Радио Милева