Радио Милева

Мерил Стрип го продава својот стан во Њујорк за 18 милиони долари (фото)

Мерил Стрип го продава својот стан во Њујорк за 18 милиони долари (фото)
фото: тањуг/ап

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип го продава својот во Њујорк за цена од 18, 25 милиони долари.

Нејзиниот стан веќе се наоѓаше на продажба во август претходната година и првобитната цена беше 24,6 милиони долари.

По неколку месеци таа ја спушти цената на 19,75 милиони долари и по долгиот обид да го продаде, станот беше избришан од огласите се досега.

фото: Профимедиа

Станот зафаќа цел кат во зградата која се наоѓа во модерната област во Трибек, Њујорк.

Станот зафаќа површина од 400 квадрати и од една страна има неверојатен панорамски поглед кон Светскиот трговски центар и Крајслер и Емпајр зградите од друга страна.

фото: профимедиа

Освен големата дневна соба, станот располага со 4 спални соби, 5 купитла, соба за вежбање и огромен балокон со поглед кон градот.

фото: Профимедиа

Мерил и нејзиниот сопруг го купиле станот во 2006 година по цена од 10,13 милиони долари. Зградата во која се наоѓа станот има вработени кои се на располагање 24часа, има фитнес центар и огромен двор.