Радио Милева
растур-распар во „Парови“

Мераклика на возрасни: Не само со Жабац, туку Милијана претходно го изневерила Милојко со овој познат пејач! (ФОТО)

Мераклика на возрасни: Не само со Жабац, туку Милијана претходно го изневерила Милојко со овој познат пејач! (ФОТО)

Љубовната голгота и маките низ кои минува чичко Милојко Божиќ во реалното шоу „Парови“ немаат крај. Откако неговата млада сопруга Милијана легна в кревет па разменуваше нежности, а веројатно и повеќе од тоа со Немања Стаматовиќ – „Жабац“ пред очите на сопругот, денес исплива нова афера.

Имено, еден од исто така учесниците во  „Парови“, Урош Анѓелиќ тврди дека Милијана за малку не му станала баба?! Љубовната романса помеѓу неа и неговиот дедо се случувала пред влезот во реалното шоу, а општо познато е дека Урош е внук на познатиот српски фолк пејач Ера Ојданиќ!

Младата нимфа, на внукот на Ера наводно тогаш му рекла дека тој никогаш не ќе може да и прави она што и го прави неговиот дедо Ера!?

Веројатно заради тоа тоа што Милијана е мераклика на повозрасни мажи, како што е нејзиниот 50 години постар од неа се’ уште законски сопруг Милојко, кој во реалното шоу со неа преживува емотивен хорор!

Милијана се обиде да го демантира Урош велејќи дека не е вистина, ама при тоа не покажа ниту знаци на нервоза или лутина, туку дискретно задоволно се смешкаше!

Останати вести од Радио Милева