Радио Милева

„Мене не ми се чека, ми се раѓа“: Тамара едвај чека да го гушне синчето, а крајот на бременоста го овековечи како сите ѕвезди (фото)

„Мене не ми се чека, ми се раѓа“: Тамара едвај чека да го гушне синчето, а крајот на бременоста го овековечи како сите ѕвезди (фото)
фото:insatgram

Новата година на пејачката Тамара Тодевска и нејзиното семејство ќе им почне како никоја друга година досега, а тоа е така бидејќи во очи на Новата ќе пристигне бебенцето Дарен.

Пред неколку дена Тамара откри дека работи на нова фотосесија по теркот на светските ѕвезди кои се фотографираат во бремерноста, а како со Хана, така и во бременоста со синчето таа позираше разголена со стомачето во прв план.

Бидејќи сега е искусна мајка која веќе еднаш го поминала чинот на породувањето, Тамара е подготвена за она што ја чека, а во описот на една фотографија каде е во автомобилот заедно со сопругот напиша:

-Мене не ми се чека веќе, ми се раѓа, него го боли уво, напиша Тамара појаснувајќи дека се брои многу ситно до моментот кога ќе го гушне бебенцето во рацете.

За фотографијата каде позира со наметка во златна нијанса, пејачката доби коментари во низа од кои сите и порачаа дека изгледа светски и секако и посакаа лесно породување.

фото:инстаграм