Радио Милева
ѕвезда од раѓање...

Менаџерот Зоран Јагодиќ – Руле открива како Џеј го добил неговото необично име и кој пресудил пејачот така да се вика (ФОТО)

Менаџерот Зоран Јагодиќ – Руле открива како Џеј го добил неговото необично име и кој пресудил пејачот така да се вика (ФОТО)

Малкумина знаат како Џеј Рамадановски го добил своето необично име. Пејачот всушност бил именуван по еден филмски херој. Според неговиот пријател и менаџер, Зоран Јагодиќ – Руле, родителите на пејачот биле воодушевени од филмот што го гледале, каде главниот јунак се викал Џеј и најверојатно се работело за некој вестерн.

„Неговите родители гледале филм. Мајката на Џеј била бремена со него и му предложила на сопругот, а тој се согласил, ако им се роди машко дете, дека ќе го носи името Џеј по херојот од тој филм. Не знам точно за кое филмско остварување се работи, но ми се чини дека тој ми го рече и тоа“ – вели Руле.

Инаку, Џеј Рамадановски ќе биде погребан денеска, петок 11 декември 2020 год. во Алејата на заслужни граѓани на новите гробишта во Белград, во 14:30 часот. Роднините и пријателите ќе имаат можност да изразат сочувство до семејството и последен поздрав до починатиот пејач во капелата од 13 часот. Пејачот ќе биде погребан според муслиманските обичаи, бидејќи Џеј беше граѓанин од исламска вероисповед. Но, пејачот веруваше дека Бог е еден и се молеше, а и често одеше во црквата на Калемегдан посветена на Велики петок, па, како што објавија медиумите, ќе биде погребан и со иконата на овој светец.

Останати вести од Радио Милева