Радио Милева
1, 2, 3...

Мелита – жена за сите времиња: Вистинската љубов не брои години – брои мажи! (ФОТО)

Мелита – жена за сите времиња: Вистинската љубов не брои години – брои мажи! (ФОТО)
Старата добра изрека, опеана и дури и во песните: „Вистинската љубов, не ги брои годините“, се’ уште важи… За сите, па и за Мелита. Само што, некогашната ТВ водителка истата максима малку ја трансформирала, па придржувајќи се до неа, ја применува во животот. Зашто нема подобро чувство од она што е доживеано преку лично искуство.

Имено, Мелита која како позната трендсетерка постојано постира нови фотографии од своите фотосесии на различни дестинации, на еден од последните свои фотоколажи од песочните плажи на Халкидики, посавен на своите профили, објави и пост со споменатата, трансформирана, животна максима: „Вистинската жена не брои колку мажи имала…туку колку нив ги одбила, поради оној што го сака“ – вели Мели!

Гледано од женски аспект – многу љубовно кажано… А и романтично, нема што! Арно ама, ако ја свртиме приказната и ја погледнеме од онаа другата, машката страна, излегува дека мажите за Мелита се само бројка… за броење!

Без оглед дали ги брои(ш) оние што си ги имала и поминале… или оние што си ги одбила… Помалку или повеќе, бројка си е бројка!

Така, „вистинската љубов можеби години не брои“, ама затоа ги брои мажите! Барем кај Мелита! А, што е со оној „вистинскиот“, кој го сака(ш)?  Зависи… Или ќе биде „еден и единствен“ или и тој ќе биде само… бројка!