Радио Милева
На среќата и нема крај

Мекиците за бебето Кира на Катарина Ивановска ќе почекаат ама затоа се пиеше и пееше до сабајле! (фото)

Мекиците за бебето Кира на Катарина Ивановска ќе почекаат ама затоа се пиеше и пееше до сабајле! (фото)
фото:инстаграм/катаринаивановска

Манекенакта Катарина Ивановска вчера (19. Септември) стана мајка по вторпат- овој пат на свет донесе девојче, а синчето Вања си доби сестричка.

Неизмерната среќа за приновата и проширувањето на семејството, кај најблиските не застана само со честитки, туку како што е ред се славше, пееше и пиеше во еден скопски локал.

На чело секако беше гордиот тато Цобе, а пак за музиката беше задолжена кој друг ако не најдобрата пријателка на мама Кате, пејачката Тамара Тодевска, која заедно со неколку музичари им пееше на присутните од народно до забавно.

Веселата атмосфера ја снимаа со мобилните телефони, па Катарина во болницата имаше многу видеа да погледне и да се радува заедно со нив.

Мекиците не ги видовме на масите, но затоа се пиеше, јадеше и наздравуваше за Кира која името го доби по нејзиниот дедо Кире, таткото на манекенката, но секако во модерна модифицирана варијанта.

Мекиците веројатно ќе почекаат додека Катарина излезе од болница, па можеби и таа ќе оди по примерот на другарката Тамара, па ќе слави заедно со сите.

Останати вести од Радио Милева