Радио Милева

Меган Маркл првпат се појави во јавност по породувањето (фото)

Меган Маркл првпат се појави во јавност по породувањето (фото)
фото: профимедиа

Кралицата Елизабета вчера го прослави својот 93 роденден. По тој повод, во Лондон беше организирана парада.

На познатиот балкон првпат се појави принцот Луи, но и Меган Маркл која првпат се појави во јавност по раѓањето на синот Арчи.

Кралицата Елизабета е родена на 21 април, но секоја втора сабота во јуни официјално го слави својот роденден.

фото: таљуг/ап

За таа прилика, во чест на кралицата се одржува парада  на која учествуваат 1400 војници, 400 изведувачи и 200 коњи.

Членовите на семејството излегуваат на балконот од каде ги следат авионите, а овој пат за првпат на балконот се појави синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

фото: таљуг/ап

Првпат во јавност по породувањето се појави и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.

фото: таљуг/ап

По породувањето, Меган најголемиот дел од времето го поминуваше во домот каде што живее со Хари.

Вака изгледа Меган еден месец по породувањето.

фото: таљуг/ап

Останати вести од Радио Милева