Радио Милева

Меган Маркл и Хари остануваат без помош на канадската полиција

Меган Маркл и Хари остануваат без помош на канадската полиција
фото: профимедиа

Канадската влада соопшти дека повеќе нема да им доделува обезбедување на Меган Маркл и Хари откако одлучија да го напуштат кралското семејство.

„Бидејќи војводата и војвотката моментално имаат статус на меѓународно заштитени личности, Канда има обврска да им пружа помош во случај на потреба. Со оглед на тоа дека нивниот статус ќе се промени, оваа помош ќе престане во текот на следните недели“ пишува во соопштението на Владата.

Кралската канадска полиција им помага на лондонските колеги околу безбедноста на војводата и војвотката од Сасекс, повремено, од ноември, кога тие го започнаа шестнеделниот одмор во Канада, се вели во соопштението на Федералната канцеларија на министерот за јавна безбедност.

Сепак, бидејќи Хари и Меган веќе не се сметаат за високи членови на кралското семејство во Велика Британија, тие понатаму нема да добиваат обезбедување од јавни пари, за кое се проценува дека чини милиони долари.