Радио Милева
родители по втор пат?

Меган Маркл е повторно бремена: Актерката и принцот Хари чекаат второ дете? (ФОТО)

Меган Маркл е повторно бремена: Актерката и принцот Хари чекаат второ дете? (ФОТО)

Поранешната актерка Меган Маркл не се појавуваше во јавноста откако беше снимена во средината на април во друштво на нејзиниот тригодини помлад сопруг, принцот Хари, како доставува храна во Лос Анџелес за време на пандемија на коронавирусот.

Токму заради ова, многумина напишаа дека војвотката меѓу четири sида ја крие својата втора бременост, а тие гласини сега по речиси три месеци ги засилија нејзините први фотографии во јавност.


Имено, Меган Маркл и Хари биле снимени за време на нејзината посета на Беверли Хилс, каде што посетиле една приватна клиника.


Сепак, вниманието од сопружниците беше пренасочено кон изборот на Меган на комбинација облека, односно широкиот фустан под кој не е можно да се види дали таа го крие бремениот стомак или не.  Затоа овие фотографии дополнително ги разгореа гласините дека нивниот едногодишен син Арчи наскоро ќе стане постарото братче.

Останати вести од Радио Милева