Радио Милева

Меган и Хари се збогуваа: „Тука повеќе нема да не видите!“

Меган и Хари се збогуваа: „Тука повеќе нема да не видите!“
фото:принтскрин/инстаграм

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл иофицијално веќе не се дел од кралското семејство, со сите свои титули, но и обврски. За нив почнува нов живот, финансиски независен, а на тој пат се простија и од популарниот кралски профил на Инстаграм, каде имаа милиони следачи.

За потсетувањр, Меган и Хари ја напуштија Англија се преселија во Ванкувер, а сега и во Лос Анџелес. Британските медиуми пишруваат дека Меган Маркл таму ќе се обиде да ја оживее својата актерска кариера која ја остави поради кралското семејство.

фото:принтскрин/инстаграм

„Вртиме ново поглавје во нашиот живот и сакаме да придонесеме за светот на поинаков начин. Иако можеби нема да можете да не гледате повеќе тука, нашата работа продолжува. Веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот како и вие самите би го направиле светот подобро место. Се веселиме на некоја нова прилика, бевте одлични. Дотогаш, чувајте се себе си и блиските“, напишале меѓу останатото Хари и Меган во прошталната објава.

Без оглед на се’, кралицата истакна дека тие секогаш ќе бидат сакани членови на семејството, а и понатаму ќе присуствуваат како гости на поголемите кралски случувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

Останати вести од Радио Милева