Радио Милева
уживаа на снегот

Мартина Михајловска по долго време сподели приватен момент и покажа колку потпораснала ќеркичката (фото)

Мартина Михајловска по долго време сподели приватен момент и покажа колку потпораснала ќеркичката (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/мартина михајловска

Некогашната македонска водителка на „Бекстејџ“, моделот Мартина Михајловска кон крајот на месец април 2019 ја роди ќерката Алана.

Мартина и Виктор уживаат во времето поминато со нивната ќеркичка.

Меѓутоа, Мартина е резервирана за својата приватност,  па многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот.

Сепак, Мартина овој пат направи исклучок и сподели фотографија со нејзината две годишна ќеркичка и покажа колку потпораснала.

Имено, моделот на својот „Инстаграм“ објави како заедно со својата ќерка уживаат на снегот и зимскиот период.

фото: принтскрин/инстаграм/мартина михајловска

Maјката и ќерката  позира облечени во зимска опрема и седнати на снегот.

фото: принтскрин/инстаграм/мартина михајловска

За потсетување, Мартина и охридскиот бизнисмен Виктор Илоски запливаа во брачните во октомври 2018 година.

Останати вести од Радио Милева