Радио Милева
Исповед

Марко Ѓоковиќ за животната борба: „Многу страдав поради успесите на брат ми Новак“

Марко Ѓоковиќ за животната борба: „Многу страдав поради успесите на брат ми Новак“
фото:гети имиџис

Марко Ѓоковиќ, братот на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ја отвори душата и во интервју за шпански „Ел Мундо“ раскажа колку емотивно го издржа успехот на Новак. Марко изјави дека бил многу повреден од фактот што постојано бил во сенка на Новак.

– Многу страдав затоа што целата своја среќа ја засновав на сонот да постигнам успех на теренот, а тој не дојде. Како тоа да не беше доволно, јас покрај себе имав лице кое го постигна тоа, мојот брат Новак и бев опседнат да го постигнам истото. Сепак, резултатите не дојдоа и секој ден бев се повеќе и повеќе несреќен. Може да се каже дека буквално се изгубив – искрен е дваесет и деветгодишниот Марко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мarko Djokovic (@djokomare)

Помладиот брат на српскиот ас признава дека понекогаш е тешко да се биде покрај некој што е толку успешен.

– Не можев повеќе да издржам. Бев во многу лоша состојба и не дозволував да го изразам тоа затоа што не сакав другите да мислат дека сум толку слаб. Ова е, за жал, вообичаено. Многу луѓе кои страдаат емоционално го кријат тоа затоа што се срамат. Се обидував да ги сокријам чувствата се додека не пристигнав на теренот. Целата болка и гнев што се наоѓаше на теренот не можеше да се сокрие. Она што сте во животот може да се види на тениското игралиште – искрено рече Марко Ѓоковиќ, кој со насмевка призна дека ги надмина сите споменати проблеми.

Марко со години живее во Шпанија, каде работи со славниот Пепе Имаз. Ѓоковиќ не крие дека шпански стручњак му помогнал да најде мир на умот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мarko Djokovic (@djokomare)

– Можеби некои не ја разбираат работата на Пепе во вистинска мера, но ве уверувам дека моето искуство со него е спектакуларно. Она што се случува е дека озборувањата продаваат многу. Имајќи предвид дека ја доживеав оваа ситуација со Новак, Пепе и моето семејство, решив да не ги читам тие работи, но и да не тужам никого , вели Марко.

Останати вести од Радио Милева